mk en
Самолепливи етикети

Етикетата е средство за комуникација со потрошувачот. Запомнете, никогаш не треба да се изгуби од предвид нивната основна функција. Имено, тие често го продаваат производот – или барем го прават тоа првиот пат. Но и секој следен пат етикетите значително помагаат купувачот лесно да го пронајде токму она што го бара во непрегледното море на производи. Накусо, улогата на етикетите е да му ја дадат на производот првата шанса - да го доведат купувачот до него, а потоа е на производот дали ќе ја искористи таа шанса.

ДЕКО е фирма чија специјалност е изработката на самолепливи етикети во голем број форми прилагодени за печатење на термални принтери. Термалната хартија што ја користиме е тестирана речиси на сите познати термални печатари. Широкиот ранг на производи ги покриваат практично сите гранки во индустријата, а со можноста да се комбинираат технологиите на печатење кои ги поседуваме, етикетите добиваат специфичен изглед. Додатоците на Злато Печат или Холограми над веќе печатени етикети во друга технологија, им дава посебен изглед на етикетите.

Нашата специјална опрема за контрола на бар-кодовите при изработка, гарантира 100% читливост на истите. Не мора да имате специјален филм за бар- кодот. Доволно е да го знаете бројот, а нашиот стручен тим ќе го изработи без надомест.

Нарачувајте по e-mail, олеснете си и заштедете време. e-mail: sales@deko.com.mk

Облеката е огледало на човекот, а етикетата го прави брендот.

Од искуство знаеме колку е важна етикетата за имиџот на производите. Таа претставува лична карта на производот и нејзиниот дизајн мора да ги следи неговите карактеристики.

Што добивате од нас?

  • Етикета дизајнирана според видот на производот.
  • Уникатен дизајн
  • Професионална изработка


Вие грижете се за својот бизнис, а ние сме тука за да ви помогнеме околу создавањето на вашиот корпоративен идентитет.

Уживајте во предностите на нашето двеиполдецениско искуство

Наша цел е да ви обезбедиме совршено решение за вашите етикети, стручни совети и комплетна поддршка во целиот процес на етикетирање на вашите производи.

Добриот дизајн на етикетите ја подобрува продажбата на вашиот производ

Доколку сакате вашите производи да имаат препознатлива и допадливо дизајнирана етикета ускладена со квалитетот на производите, која ќе им испраќа јасна порака на купувачите, побарајте не.

ВИДОВИ САМОЛЕПЛИВИ ЕТИКЕТИ :

  • винска индустрија
  • бар код етикети
  • заштитни
  • холограмски
  • козметика
  • фармација
  • месна индустрија
  • кондиторска индустрија
  • декларации
  • бланко самолепливи етикети