mk en

ДЕКО Инк со своето долгогодишно искуство, стручност и прецизност креира етикети кои ќе го претстават вашиот производ во најдобро светло. Секогаш ги следиме новите трендови за да можеме да направиме етикета која најдобро ќе ве презентира.

Од основањето 1988 година до денес, ДЕКО Инк прерасна во една од водечките печатници во Македонија. Се определивме етикетите да бидат наша специјалност, опремувајќи се со најсовремените машини во таа област.

ДЕКО Инк е лоцирана на 450 м², во новоизградениот објект на просторот на поранешната текстилна фабрика "Мирка Гинова" во населбата Кисела Вода.

ДЕКО Инк е производител на етикети што наоѓаат примена речиси во сите индустриски гранки. Етикетите се многу повеќе од парче испишана хартија. Во денешно време тие имаат се поважна улога при одлучувањето дали некој ќе посегне и ќе купи одреден производ. Потрошувачите сакаат да знаат што купуваат, а етикетата е најважниот информативен медиум на продажното место кој истовремено, освен што треба да информира за производот, треба да го направи истиот атрактивен за потрошувачите. Ние ви нудиме изработка на сите видови на етикети од материјали по ваш избор. Зависно од видот на производот на кој се аплицира етикетата, нашиот тим ќе ви понуди адекватен материјал, начин на апликација и ќе ви ги даде сите совети за вашиот производ да добие етикета каква што заслужува.

Од 02.05.2013 Деко Инк е сертифицирана од страна на Стопанската Комора на Македонија со Excellent SME Macedonia сертификат.